храни (гл.) - толку (прил.)

Секако, тоа не е ни премногу измет, затоа што ги хранат толку колку да не умрат – а и да им даваат доволно храна, зарем среде таа смрдеа би јаделе повеќе отколку само онолку колку да преживеат?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Еднаш неделно им го чистат изметот од просториите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги хранел толку добро што одредот или тој Ѓунијата, кој знае кој, решил животот на Сврделот да не смее да биде изложен на опасност.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)