фрли (гл.) - уште (прил.)

Винстон не можеше да се воздржи да не фрли уште еден страничен поглед врз Мартиновото монголско лице. Немаше никакви видливи белези.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја кладоа на кантар Јовановата тринаесетгодишна „б'лгарштина"; ја кладоа и тригодишната „српштина", но последнава натежна некако по Милановата преценка, та Јован беше принуден да фрли уште сто лири на тасот од бугарштината за да се израмни со другиот на кој беше неговата српштина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Погледнав кон џипот; внатре, телото на Фискултурецот го притискаше телото на Луција; таа се бранеше (така барем мислам, но во ништо веќе не сум сигурен); јас зедов еден камен, го фрлив на покривот од џипот, а Фискултурецот се сепна; се сврте нагло кон грмушката, и јас видов дека на главата имаше маска; црна маска, бабарска, со четири дупки, за очите, устата и носот, четири дупки за три сетила; само очите му се гледаа, едното зелено, другото сино, и устата, и носот (дали го видов и тоа, или моите растроени нерви од ракијата и жегата ја произведоа и таа слика?); Викна: „Кој има таму“, а јас фрлив уште еден камен, и отстрана му го погодив фарот, и тој пукна, сол се стори.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)