Гнилите и од црвја нагризани дрвја ги фрла настрана зашто не е гордо црв да гори.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Тетка Боса која беше зафатена со замрсениот клучец на нејзиниот скутник наеднаш сфати што ѝ кажува гостинот, го повлече скутникот од половината како да фрла настрана дел од себеси, и за момент остана зината.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Друг монах, пак, ги изделува дрвјата за големиот оган пред празникот.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
- Стој и гледај! - важно рече Бојан и почна еден по еден да ги сече лисјата од трнот, внимателно да ги фаќа со два прста и да ги фрла настрана.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Капата накриво, црната коса развеана, две копчиња од кошулата откопчани, ветрецот ги фрла настрана полите од војничката блуза и под кошулата, во ритамот на чекорот, потскокнуваат јадрите момински гради.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)