По Максима Акиноски и сите другите заграбуваат од ископаната земја од гробот, ја целиваат и ја фрлаат внатре во гробот врз покојникот и тие изговарајќи Лесна му земја.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А кога тие излегуваат, прв Максим Акиноски заграбува од ископаната земја од гробот, ја целива и ја фрла внатре во гробот, врз покојниот, изговарајќи Лесна му земја.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тргаме од шишето ракија, црпиме со кофа вода од чунот; брановите фрлаат внатре, ние фрламе надвор; тие внатре - ние надвор; тие внатре - ние надвор; прашањето е само - кој е побрз.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)