Разбраа што е работата, почнаа да фрлаат со бомби. Една паѓа покрај мене.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И ме фрла со дланката лесна в чудна игра, в чудно компонирање, изгаснувам во грч и умирање и се враќам в живот како песна.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Магарето трчаше, фрлаше со нозете чифте, ама Гоце јуначки се држеше за гривата.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Се стрчувам и јас со децата. Трчаме по нив и фрламе со камења, со стапови, со што ќе ти се вдаде.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
— Па, како дојде ова вака, вели и го накрева мевот, загребини фрла со нозете.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Приплакуваат и колнат; фрлаат со камења на училиштето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)