фрла (гл.) - опул (имн.)

Чана фрла опул преку Митра до Петра, а и Петра исто така фрла опул преку Митра до Чана и пак прснуваат во смеа само тие двете, додека Митра во чудо се врти де на кај едната де на кај другата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се овиснува на попречното железо по средината на вратата и фрла опул на едната и на другата страна од композицијата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Без да ја крева главата, без да фрла опул во нив, Пелагија знае дека тука е шефот на станицата, добриот човек со црвената капа и белата лопатка, учениците што треба да го завршуваат последниот клас, а според сенката што се мернува пред нејзините очи и здрвената снага на старецот, тука треба да е и Танаско!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)