формира (гл.) - нов (прид.)

Веднаш може да се опреми и формира нова бригада.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Таму биле стационирани англиски, француски и војници од англиските колонии, а било одлучено да биде префрлена и српската војска од островот Крф (130.000 војници).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По ова започнал теророт и денационализација и асимилација на македонското население во Тивешијата.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Кон крајот на 1915 бил формиран нов фронт на Балканот: Македонски (јужен) фронт.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 17 декември 1912 во Тиквешкиот округ со Указ била воспоставена српска полициска власт што почнала да функционира од 1 јануари 1913. Причини за востанието биле воспоставување на српската власт, отворањето на српски училишта и цркви, биле формирани нови општински управи, а кадар се доведувал од Србија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Таа беше конституирана на 2 јуни 2004 година.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 14 мај 2004 Хари Костов доби мандат да формира нова Влада на Р. Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 11 јули 1941 година, со наредба на претседателот Рузвелт, Вилијам Ј. Донован од Њујорк бил именуван за координатор на информациите (Coordinator of information - COI) и за раководител на новата цивилна служба во рамките на Белата куќа, со единствена цел - да го среди „метежот“ меѓу разузнавачките служби.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
За да се надмине настанатата ситуација, претседателот на САД, Ф.Д. Рузвелт, по консултациите со британските офицери, адмиралот Џон Х. Годфри и Вилијам Стивенсон, формирал нова организација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тука почна да се формира нова дивизија.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Беа обновени старите партии, формирани нови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
15. Колку и да се склукаш со историја Не можеш да избегаш од сегашноста Беше рекол некој умен И јас му верувам Оти на своја кожа знам Дека колку и да се клукам со еукалиптус Не можам да избегам од соништата А сегашноста се полни со стари соништа Ѓоа надградени и надополнети И по секоја преродба се прогласува нова преродба Во долината на среќно преродените Никнуваат нови цркви и џамии Со ниет да бидат уште постари од најстарите На сека ритка никнуваат и големи крстови Колку крстови толку неразгатнати крстосници Никнуваат богами и нови затвори За затвореници колај работа ќе се најдат и фазла При толку бујна стварност Поетите цапаат во Петреви Вирови Колку поети толку друштва на мртви поети Сега секоја суша вели дека животот е некаде другаде Што впрочем се гледа и од брановите нови доселеници Макар што во последно време другаде не им е Австралија ами Италија Каде што се преселуваат цели села од долината на Радика И таму си формираат нови населби со роднокрајните имиња Сега засега не се чуло ни разбрало Како стојат таму со цркви џамии и настава по веронаука Но мене ме загрижува тоа што ако тој пат го фатат иселениците Нема да има кој да се доселува во Австралија А без новите доселенички приказни од Цапари Животот тука би бил ептен здодевен Како што е здодевно тука летно време Кога децата на доселениците одат во стар крај Да научат троа од мајчиниот јазик А како бонус им доаѓа што ќе научат Како се поставуваат светски рекорди во брзо донесување закони А тоа воопшто не е како олимписка трка во брзо одење Зашто таму каде што има брзо ломотење нема брзо одење
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
И самиот Татко сега, пред да се формира новиот лавиринт, требаше да побара излез од стариот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Велеа дека се формира нова војска, партизански.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Оттогаш па сѐ до денес, во ДУТ „Спектар“ – ДОО Битола не е формиран нов синдикат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Првичниот договор беше сите 272 вработени да дадат по тогашни 1.000 ДЕМ и да ги откупат уделите, за фирмата да остане во сопственост на работниците.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Поучен од претходниот штрајк и решеноста на работниците по секоја цена да си ги бараат своите права, рабо- тодавачот овој пат прави обид преку кој се обидува да го неу- трализира и инструментализира синдикалното организирање во фабриката.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Така, во Шеќерана е формиран нов синдикат под менторство на раководните структури (т.н. независен синдикат), а вработените се условени и принудени да членуваат во него – нај- често преку закани за прераспределба на полоши работни пози- ции и за отказ по основ на технолошки вишок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Меѓутоа, двајцата директори, „после одредени сплетки, игри и манипулации“ успеваат да се стекнат со 54% од уделите3 и на тој начин да станат доминантни сопственици и управители на новото претпријатие.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)