И продавачите ја фатиле првата сенка, го починуваат грлото.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Се фати прв на оро. Го поведе лесно, потскокливо, живо и колку што се разви ороводниот гердан, одеднаш пресекоа свирките.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Полковникот ја фати првата пејачка, што беше до него, почна да ја штипе...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
А кога стаса на железничката станица, и кога го фати првиот воз, го облеа спасоносно чувство и му даваше сила да ја надвладее болеста.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
- Со овој мој татко понекогаш многу полесно се разбирам, одошто со мама, - си помислив, замолувајќи го да остане малку со мене додека да ме фати првиот сон.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Ако се разбудев порано тоа утро во Венеција и ако го фатев првото вапорето, тогаш ѓоа ќе го видев Шекспир како окапува броејќи ги вековите на плоштадот Свети Марко – чекај да намине некој поасолен млетачки трговец, чекај да го отворат кафето Флориан, па чекај уште во него да намине Томас Ман, па заедно да го презираат оној Езра Паунд, ем да го презираат ем да го ценат, и најнакрај на Осја Бродски да му покажат како зиме целиот град може да се обвитка со едно ќебе, иако овој ги прашуваше нешто сосема трето – со кој брод тој, Бродски, може да стаса до островот Сан Микеле, оти беше чул од некој шерет Бродски, дека убавината е најтешка на Сан Микеле, потешка и од дождовите што севезден им ги стежнуваат соништата на стаклодувачите од Мурано.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Може и обратно, се разбира – секоја умирачка во Венеција да се смета за нов почеток.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Уште пред Ѓурѓовден ѕидарите се вратија и работата одново започна.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Но тогаш фатија првите мразови и работата запре.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Штом фатија првите студови, мравките се прибраа во својот дом.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)