Коле извади една плаката, што ја имаше стуткано в џеб и ја прочита: „Соопштение, Секој што ќе го фати жив или мртов Секула Секулов ќе биде награден со 1.000 марки, а неговата куќа засекогаш ќе биде земена под заштита на власта.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Решија, одејќи по брегот на блатото, да изнајдат газило и да прејдат на другата страна; најпрвин, ако стигнат, да ги уловат коњите, потоа да бараат, да го пребараат сето поле и да го фатат жив Владимира.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Требаше многу, многу да се внимава. Големиот козар мораше да се фати жив.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Чанга мора по секоја цена да се фати жив. Ќе му биде организирано големо судење.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Од сите страни загрмеа манѕерите, а една група од пет шест заптии и војници нарипаа од ѕитчето за да ги фатат живи комитите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тој велеше: - Кој ќе го фати жив или ќе го убие, ќе му дадам илјада златни лири.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
На три чекори пред заптиите и аскерот таа грмна и ги покри со густ дим, од кој се слушнаа пискотница и псовки.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)