Стоеше покрај затворените капаци, во ноќницата со шалот префрлен преку рамениците, и гледаше преку прозорецот како истечуваат реки вознемирени луѓе, познати лица и непознати сограѓани, деца што спиеја на рамениците на родителите и стари луѓе, кои најблиските ги помагаа да фатат темпо со забрзаната колона.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)