Четвртиот играч, кој и да беше, каков и да беше, сиромав или богат, не успеваше да го фати ритамот на играта на тројцата стари играчи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
По доцниот пад на сталинската диктатура и стремежот во еден здив да се фати ритмот на новото време, по катарзата на внатрешните пресметки и реваншизмот, по отворањето на половина век затворената земја, овде како никогаш се беше забрзала историјата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Неговиот вкус, егзотичен како кисело-слаткаст кинески специјалитет, ја заплисна уште тогаш, кога го фати ритамот на неговото срце.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И веднаш потоа целата просторија го фати ритамот на таа усвитена врвца на пилата, на нејзината судреност со дебелата сурова дрвена маса, понесувајќи го во него и последното зрнце пилотина, запнато за пајаџинките во горните ќошеви.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Кученцата со црвени панделки се задолжителни – да подлајуваат во себе додека дамите во црвени чевлички да го фатат ритамот на промените.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Но нам, овде, само тоа и ни останува: очајно да брзаме за колку-толку да фатиме ритам, притоа ризикувај’и ја опасноста како од една културна шизоидност така и потполно неразбирање на она што се случува во средините кои се во втора, трета и четврта историска брзина. Abbe Buzoni 8 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Но тоа утро, кога одникаде се појави токму тој, споменот на вториот прв бакнеж, таа сети како срцето само, без нејзина контрола, ѝ се поместува во градите за да го фати ритамот на мелодијата на капките што се слеваа по нејзиниот прозорец.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Татко не го фати ритамот на молитвата која ја сметаше како облик на учење на трпеливоста, можеби најцврстата замислена поврзаност со Бога.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)