Стражата, со финансистите, го запреа Донета. Ги фатија коњите за огламниците и прашаа: - Што носиш, бре ѓаур28) во вреќите?
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Братучед ми Мурад трчајќи доаѓаше по патот. – Не се грижам за тебе, – викаше тој. – Мораме да го фатиме коњот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Овој Трајко ништо не крив мене. A ти, Куле, лошо стори што фати коњот да дојде тој пезевенк, ама, и тебе ќе простам ако не излезе лав на мегдан.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Не звучеше како да е загрижен и знаев дека ќе го скрие и дека нема да го врати.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Сиромав човек сум белки ќе земам некоја паричка да ја позакрпам сиромаштијата...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
И кога на заповед на најстариот офицер, по дедо или по татко дебарски потурченик, неколку војници се стрчнале да го фатат коњот за узди, сите виделепод три јужни светкавици како кон нив трча кусоног човек со сплескано лице слично на погача, уште повеќе на месечина.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)