фали (гл.) - и (сврз.)

— Откаде боже златен, вие пари?, — се чудеше пуста му мајка кога ѝ се фалеше и дури ѝ потфрлуваше по некој и друг бел черек. — „Откаде му се“?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- На Скопје му фалат и животни за у Зоолошка зошто голем дел од животните избегаа на улица и по медиуми.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Даме Груев почна растревожен да ни го раскажува следното: „ ’Да ги земе ѓаволот, јас уште кога заминав од Солун, тие штетници се фалеа и не дочекаа до денот на востанието; тие нѐ чинеа повеќе од 250 лири.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Постојано се фалат и ни брмчат како бумбари околу нас. Најпосле, еден ден тоа ни препука и ни здодеа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Манлинг фали и некои други „параграми“, на пр. палиндромите, анацикличките („раковски“) стихови, речениците што можат да се читаат од двата краја.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Таа дотогаш не беше забележала дека Крсте ја гледа, та дури чудо ѝ стана кога слушна дека овие му се фалат и сакаа дури да го тепаат заради неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)