фали (гл.) - со (предл.)

Митра, бесна од Илковата блага постапка спрема Доста, секој ден почна да ја дразни и предизвикува. A кога Доста ѝ се фалеше со Стоја оти ќе ѝ го „потполни самарчето“, одговараше: — Море бре, со шо ќе ме плашиш!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во тоа време во светот (токму како и сега) имало и други мачиња: црни, бели, сиви, и сите тие имале мустачиња но не се фалеле со нив како малото маче - долгоопавче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Бланш не се фалеше со тоа и на ѕидовите немаше слики да го рекламира тој факт, но факт беше тоа што таа порано беше Зигфилдова весела девојка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Горан знаеше по седум пати да им се јавува на девојки кои не сакаат ни под разно да излезат со него, да ги застанува колегите во факултетските ходници и да ги гњави со тоа како за малку ќе го положел испититот ама ете немал среќа, и згора на сето тоа, професорот го мразел и да се фали со тоа дека оди на журки кои се посетувани од битни велеградски фаци.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Меаните и ановите се празнеа од веселите бегчиња вратени од војна: тие таму пушеа наргиле, се фалеа со подвизите и кршеа по некоја чаша.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„И вие се фалите со сето тоа?“ рече.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Денес, добри мои, фалбаџиите се фалат со убав, скап автомобил, со скапи јадења со неразбирливи имиња, со лет преку океанот, со клавирот што им го купиле за роденден, со најнов тип на „сеико“ часовник, со супер скијачка опрема, со купувања во Солун, Трст, Париз, Лондон...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И сѐ така: тој кажи, јас кажи, си зборуваме, си се фалиме со селата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)