Простено нека ми е што зборувам вака за еден таков момент, но несреќата на една жена, нејзината тага, и особено нејзините солзи, тебе како маж не те тераат да ја жалиш, туку на мислата да ја утешиш со своето срце. Ми зборуваше нешто, но јас одвај дали ја слушав.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Меѓутоа, една вечер, снеможена до потиштеност, Марија со тивок глас ја праша жената од соседниот кревет: – Каде сме?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Потоа се утеши со цигари завиткани во весник, што некои од болните ги изработуваа од догорчиња собрани од ѓубрето, зашто нејзината опсесија со пушењето стана толку силна како и првичната опсесија со телефонирањето.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
А дедот Петко, пак, се утеши со онаа турската „Арам ѓелди —арам ѓитти".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ние пак, ќе се утешевме со славната сентенца која што често се користи кога некој вечен студент ќе дипломира: Ако е забавено, само нека не е забораено.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)