Не наоѓајќи ги вистинските зборови со кои можеше да го утеши во врска со Судот, што тој ѝ не го очекуваше, таа му рече: - Нема, белки, мил мој, да н остави Господ на пол пат, кога ни одреди да заминеме, да се оддалечиме толку многу од своите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
И ќе ви кажам: и Учителот наш ја љубеше Магдалена толку што прво пред неа се појави за да ја утеши во болката нејзина по него, оти знаше дека највистинска е љубовта што ја има таа кон него.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Татко во својата егзилска епопеја влегуваше во контакт со тишината длабоко во своето битие.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Плачев, си ја корнев коста и преколнував што прифатив да дојдам во тој град каде што немав никој близок за да ме утеши во најтешките моменти.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
За да се утешат во возможноста на нивната мисија и нерамноправен бој со зборовите, кои ја губеа својата моќ на најголемото бојно поле на времето, нивна утеха остануваше тишината, составена од зборови кои не се кажани.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)