успее (гл.) - толку (прил.)

Тоа што Александар, неколку пати ја имаше видено Билјана со црни наочари во тмурни есенски денови, зборуваше во прилог на тоа дека не се работи само за злобни фантазии на врснички на Билјана кои не успеале толку добро да се вдомат.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Набргу тој успеа толку да се оддалечи од оние двајца, што веќе престанаа да му пречат и жарчињата од нивните цигари.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога ја прашав како успеа толку да доживе, таа почна да ми раскажува: Јас, чедо, многу убаво го минав животот со дедо ти.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Шегата што Б.С. ја смисли ја протолкував како негов обид за да се оддалечиме за момент од смртта на Самоников.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се разбира во врска со спомнатите противречности ништо не ми појасни ни оној случај за циркускиот гимнастичар кој при една вежба во која учествувале сите делови на неговото еластично тело успејал толку добро да се заплетка што морале да побараат лекар за да го разврзе кутриот атлетичар.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)