Кога се врати дома, по сфатката со Дамческите, за да се успокои, не се качи горе, во харемот, туку нареди да му постелат под црницата и таму да го услужат со татли кафе, локум и студена вода а потем заповеда и Коранот да му го донесат тука.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А чорбаџи Сиве, за тие работи, секогаш им се најдуваше. Не одбиваше никого, но исто така не забораваше да се погоди каква работа ќе му сврши должникот што ќе се услужи со неговите пари и до кога ќе треба да го причека.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)