Тој одговара за штетата што ќе настане со употребата на закупениот предмет спротивно на договорот или на неговата намена, без оглед дали го употребувал предметот тој или некое лице кое работи по негов налог, подзакупецот или некое друго лице на кое тој му овозможил да го употребува предметот (чл. 584, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тој може да го употребува само онака како што е определено со договорот или со намената на предметот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Закупецот е должен да го употребува предметот како добар стопанственик односно добар домаќин [bonus pater familias].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Закуподавецот не одговара за недостатоците на закупениот предмет кои му биле познати на закупецот во моментот на склучувањето на договорот или кои не можеле да му останат непознати (чл. 577, ст.1 од ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Закупецот му гарантира на закуподавецот дека подзакупецот ќе го употребува предметот според договорот за закуп (чл. 589, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Доколку не е договорено поинаку, закупецот може закупениот предмет да му го даде во закуп на друг [подзакуп] или според некој друг основ да му го предаде на употреба, но само ако со тоа не му се нанесува штета на закуподавецот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)