За кого да мислам сега? Стојам победен, свалкан пред скорните на оној што требаше да го уплашам и уништам.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И пак им се придружив на децата во играта со топка.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Мајка му, кога го виде со крвава рака, се уплаши и списка: - Што е, Гоце?
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Ама попот се уплаши и почна да бега.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Но, хигиеничарките му беа благодарни – од силата на неговиот глас лебарките и бубашвабите се уплашија и избегаа надвор од болничките простории.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Јас, драги Џим, сум уплашен и вџашен...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ме излажаа. Се прават храбри, а фуфкаџии се. Се уплашиле и се премислиле.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Мечката ќе се подисправа, ќе крева камења и ќе се подисправа, велеше, ќе сака да го удри, да го погоди со каменот, ама крмакот е само пред неа, зад неа, покрај неа, в жили, ќе фрли подалеку од него, и така, ќе се умори, или ќе се уплаши и пак ќе се качи на буката, велеше, и ловецот скришум тоа ќе го гледа и пак не ќе се јавува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)