упатува (гл.) - кон (предл.)

И други дела на Хирст упатуваат кон дијалектиката на смртта и задоволството.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Така, оваа слика е некаков тип „омаж“ на полицискиот портретист којшто прави фото-робот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На неа се наоѓаат и впишани податоци за бојата и облиците на одредени делови од лицето но и на телото бидејќи една стрелка на сликата упатува кон анусот на вонземјанинот којшто не го гледаме, но сепак не го пропуштаме како лајтмотив.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но, останува прашањето на патиките. Ако куклите ги замислиме без нив, навистина можеме да се согласиме дека глетката би делувала помалку „не­здраво“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тие непосредно нè упатуваат кон популарните обувки на адолесцентите, ни помагаат да ја фокусираме фантазијата така што, благодарејќи му на сеприсутниот популарен елемент, ќе ја идентификуваме мрежата на означители: патиките на куклите им овозможуваат да значат во ова време, додека се стекнува впечаток дека за некое идно изложување би можеле да бидат и заменети.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се разбира, значењето на оваа фотографија е токму во тоа што нè прави свесни за овие наши потиснувања.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Да, Чанга, често, свесно и несвесно, се упатуваше кон Калето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Особено во раните утрински часови, кога река од вработени се уптатуваат кон фабриките, продавниците и установите, и - во доцните вечерни часови, кога Будимпешта продолжува да живее во илјадниците ноќни локали, барови, бистрои и во најчуениот ноќен локал „Мулен Руж“, нешто слично на оној од парискиот кварт Пигал.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ги затвора очите и мислите одново му се упатуваат кон темата на конференцијата на која патува.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
(Решително, со цврст чекор се упатува кон спалната, но во моментот пред да ја отвори вратата се појавува Духот на слободата во лик на убава девојка облечена во бела облека, со распуштена долга коса, со факел во десната рака и венец во левата).
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Тие пеат и се упатуваат кон спалната.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Нѐ остава зад грмушките, а тој сам се упатува кон оградата од црквичето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се упатува кон вратата, иако знае дека нема да успее да ја отвори. Едноставно, цариник во главата.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Меурчиња од боја и терпентин, проyирно жилави, се упатуваат кон едно празно платно.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Хаос ( caos, гр. = оној што зјае, што е отворен) во старото мислење на светот упатува кон претставата за еден недогледен извор за идните појави.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ги виде археологот, инженерот и Денко како се упатуваат кон Селиште, на својата секојдневна задача.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Немајќи каде, се упатува кон полициската станица и бара прием право кај командирот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мајка му пак се замолчува и се упатува кон надворешната врата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Меѓу нив е и Мишко, пристојно облечен, со куфер во рацете.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
ЛЕНА: Истрагата покажа дека тоа било несреќен случај, невнимателно минување преку пругата. (Таа станува, ги зема шољите и се упатува кон самоварот.)
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Саздо уште еднаш го удира по рамо својот пријател, се исправа и се упатува кон групата луѓе пред локомотивата.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
САЗДО: Истрагата не успеала да дојде до писмото затоа што вие вешто сте го заташкале.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Човекот е привлечен од тоа единство со цел да се состави со него, да се соедини со својот сопствен извор, од каде што црпи енергија и напојувајќи се, повторно се упатува кон местото каде што треба да ја потроши добиената енергија – рече старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се слуша дека во летните квечерини од реката изнуркуваат летачки змии и отфрлајќи жарчиња во форма на крлушка од крап, се упатуваат кон шумите.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Ај хев ту гоу. Гудбај мистер доктор“, ми вели, и со тешките куфери се упатува кон излезот.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Влегува Неда. Таа се обѕрнува околу себе, наслушува, потоа оди кон кујната, проверува низ пукнатината од вратата што прави Фезлиев и дури по сето тоа се упатува кон вратата од собата каде што е Иван.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: (Ја оттурнува Неда и се упатува кон Фезлиев.) Каде е Младичот?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ана мрзоволно се упатува кон прозорецот и нејзиниот поглед потонува во темната длабочина на заспаните улици.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ова може да се ЗА ЧУВСТВОТО НА разбере метафорички, но секако упатува кон НЕПОТПОЛНО ОПСТОЈУВАЊЕ темперамент што не ја отфрлил детската визија поради визијата на (фрагмент) возрасниот човек; а оваа паралелност која го прави како поетот така и крими­ jamais reel et toujours vrai (на цртежот на А. Арто) налецот, веројатно и црнопијата и хумористот (се работи само за различни количества, нагласување на последниот или претпоследниот слог, избирања: сега си играм, сега убивам) се забележува во чувството на непотполното опстојување во некоја од структурите, во некоја од мрежите кои ги ткае животот и во кои ед­но­времено сме и пајак и мува.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ги следеше посмртен марш, се упатуваа кон отворена гробница околу која беа старите превоспитани логораши со лопати живи да ги закопаат...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
9 Старделов исто така упатува кон таа споредба: „Кон тоа некои подопирливи асоцијации што неговага проза ги предизвикува како облесок на прозата за една друга идентична револуција (Бабел, Пилњак, Всеволд 9 М.Друговац, ибид. стр. 93. Иванов) тоа сознание уште повеќе го задлабочуваат.“
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
10 Митрев, исто така, упатува кон таа паралела, наоѓајќи објаснување за нејзиниото постоење но и за квалитетот на воздејството што кај Чинго го врши угледувањего на светската лигература: „Но колку и самороден талент, Живко Чинго не е и без угледување на други автори (...) Чинго знаел и како да го прифати туѓото без да му изневери на своето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Од возбуда се буди, и така уште недорасонет се упатува кон брегот, се искачува и гледа во полето, гледа на она исто место каде што пред малку во сонот му мавташе, но неа ја нема.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Правеше напори да не мисли повеќе на Злата, да ги префрлува мислите на друго, да ја избрише од свеста како да не постои, како да не ја запознал - но не можеше: оттргнувајќи ги мислите од неа, тие сѐ повеќе се упатуваа кон неа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И ова утро полковниците се искачуваат со коњите по падините на планината над селото, додека селаните празнично облечени излегуваат од куќите и се упатуваат кон црквата Св.Ѓорѓија на утринска молитва да му се помолат на светецот за живот и здравје и да им помогне во спортот...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Едно друго тврдење на Пачев упатува кон наодот дека измислените настани и сликите за нив, а помеѓу нив и лажните соништа, исчезнувале многу брзо.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Спремен сум да се сложам со неа иако ваквата дефиниција нѐ упатува кон интуицијата, кон женскиот осет на нештата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За вистинското запознавање веројатно е потребно многу повеќе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Од овие причини тој се одлучил да им презентира преписи кои најконкретно упатуваат кон темата што ја најавува.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Малиот го зема својот колец и со решителен и непоколеблив чекор се упатува кон ТВ Лицето.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
ТВ ЛИЦЕТО: Од клозетот.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Сега се упатуваат кон нашата куќа и потоа по скалилата на тремот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се облекувам додека Моне спокојно дише во својот кревет, потоа се стрчувам да го фатам трамвајот „двојка“ што оди до Железничката, се симнувам пред станицата, купувам осминка со сирење и јогурт во син тетрапак од дрвената бурекџилница и со полни раце се упатувам кон првиот десен перон.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Се отвара врата во длабочината. Излегува Јаков, гол до појас, приватно се однесува, со едната рака се одшминкува, во другата носи текст. Пауза. Полека се упатува кон просцениумот.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Сѐ што уште може да трча, да оди и да се влече, се упатува кон високите и густи трски.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)