упатува (гл.) - поглед (имн.)

Решена да одам напред по секоја цена На полна месечина Во последна мена На моето присуство му нема смена, знаеш и сам А долу под мостот валкана река тече без срам Упатувам поглед да проверам дали чека на нашата судбинска средба Мерам, премерувам, двапати мери Еднаш скокај Нашево некогаш немаше споредба Минаа годините кога заљубени мислевме дека овде е вечноста овде е рај По силата на гравитацијата понесена дознавам дека овде всушност е нашиот крај 2005
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Камилски запирајќи на оваа заемка и забележувајќи ја во својот голем жолт нотес, наменет за бележење на балканските ides generales, се сети на чардакот на нашата куќа крај реката со поглед кон тврдината, кон која со Татко ги упатуваа погледите во долгите работни средби, кога запираа пред енигмата на некоја мистериозна османска заемка.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Камилски и Татко се бореа, секој на свој начин, во нивната необична мисија како да се скроти и конечно да се победи зборот од којшто луѓето сакаа конечно да се ослободат или да го скротат, конечно да го победат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)