Тој веќе патуваше кон Париз, па потоа кон Њујорк, на висока функција во ООН, како еден од помошниците на генералниот секретар, задолжен за специјални мисии.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во далечината јато жерави се спушташе кон копното, упатено до еден од најголемите птичји резервати во светот, во една од нивните можни гробници, кога по илјади години по последните летови завршуваа во фосфати Најпосле помислив на писмото што требаше да го напишам на Мајка.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во Рабат настојував од петни жили да ја објаснувам смислата на пораката упатена до кралот Хасан II.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Не само Татко туку и присутните блиски беа изненадени кога штом запре возот и вагонот со натпис Paris (Gare de Lyon) се најде на вообичаеното место на перонот, Климент Камилски со куферчето слезе од возот, со бегол поглед и поздрав со кимање на главата, се упати до соседниот вагон во кој беа трите сандаци со книгите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)