Нему му се сугерирало одговорот да биде само „во форма на едноставна потврда за прием“ бидејќи, како што сметале тие, британската помош на НОВ и ПО на Југославија не ја вклучувала и шемата на Тито за создавање автономна Македонија и сметале дека потврдата за прием ќе биде добар сигнал дека политичките цели на Македонците за автономна Македонија не „ја уживаат помошта на Британската влада“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Бидејќи во тој момент британскиот премиер Винстон Черчил се наоѓал во Италија, на 20 август 1944 година, Форин офис упатил телеграма до министерот- резидент на Централниот Медитеран во Казерта, Макмилан, во која му се давале инструкции како да постапи доколку Черчил реши да одговори на телеграмата од АСНОМ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)