СЕЛАНЕЦОТ: Што ќе правиш, ќе ја раниш и чуваш, дури да не дојде и да и го удриш ножот во вратот.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
На пример, кога требаше да се рече ох, ох, мајко моја, ох, пријателе мој, ох живот, ох птици ох водо, ох доме, ох, ох, ох, - тоа значеше некој, ох, некој одзади да ви удрил нож. Ох, нож.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
СЕЛАНЕЦОТ: Ами што ќе и правиш? Свињата е за колење.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Го молеше Господа да не бекне, зашто знаеше дека „оние“ праведните без милост ќе му го удрат ножот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Додека Лазор полека се иставаше од местото на борење, едно Арнаутче истрча од џганот и му удри нож во левата слабина.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Лазор рикан како попарен и се загна, со ножот во слабината, по него, по Арнаутчето; го дофати, ги вклешти рацете околу неговиот врат и го поткрена од земја, но тогаш два куршуми, едноподруго, се забија во неговата лева плешка, па Лазор се нурна нанапред и падна на земја, со Арнаутчето под себе.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)