удри (гл.) - коњ (имн.)

Кутриот мој брат неискусен во јавање на коњ, го удрил коњот по слабините и тој се в дал во лет, го исфрлил брат ми од самарот, на прашливот пат, врз камењата, во темната ноќ...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Кога наближа кај Богдана, таа го запре коњот со мака тргајќи го со сета сила за уздата и му рече на Богдана не слегувајќи од коњот: „Ха, мислеше не ќе те најдам...“ и го удри коњот со петиците по слабините.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Гоце со другарите се качи на колата, коларот го удри коњот со камшикот и викна: - Ајде, диии, диии!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)