удри (гл.) - клепало (имн.)

Навистина никој не го кладе Јолета многу на умот, иако и за него беа стокмени и торба и плоча, божем за залажување, ама кога удри клепалото, се најдовме во вратата со него и како жива кокошка да репавме.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Паметам како цело село наспроти Света Петка штутевме да не удри клепалото за да се прекрстиме сите и утредента пак да одиме на утрена.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Да знаат селаните кога службата ќе почне, Петре го удри клепалото, и од сите најнапред се довлечка бабата Манџичица, Милошка, дедот Пило и некои други стари жени, и службата можеше да почне.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Петре донесе и вода, и по заповед на Кулета, отиде да го удри клепалото, оти дури не удри клепалото, селаните не знаат дали е дојден попот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)