удри (гл.) - камбана (имн.)

На една од своите трпези, со десетици имиња на монаси издлабени врз трпезата, во зографскиот манастир на Света Гора, седат монасите, дрвена паница велигденска чорба и бокалче црно вино пред секого и откако ќе ги испеат сите молитви и удри камбаната за да ги здружи морето и ѕвездите на прозорецот болснува секавица колку за миг да се види сенката Исусова додека воскреснува.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Прво застана момокот Потоа дотрчаа двете калуѓерки А кога удри камбаната и се покажаа ѕвездите Од ѕидовите на пештерите во манастирот Еден по еден се симнаа и светците Застанати на брегот на езерото и са ноќ чекаа Да се покаже во водите одразот на девојката Што мина тука денес на пладне Во бела облека и жолта лилја во косите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Утредента, по сабајле удри камбаната и селскиот телал помина по селските сокаци и на сет глас викаше со инката: - Еј, сељаниии!!!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Најпосле Петре го врза јажето за тргање на камбаната оздола и ја одвитка крпата со која беше завиткано клепалото за да не удри камбаната на празно.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)