Никого не сакаме да го убедуваме во постоењето на Monty Cantsin, секој мора самиот да се увери во тоа.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
309 Членовите на британската воена мисија Bethesda, која единствена останала во Македонија, по ослободувањето можеле и самите да се уверат во промените кои се случувале во Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Татко, наместо одговор, му ги покажуваше дефтерите, и самиот да се увери во тоа.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Тогаш можеше да се увери во неговите продлабочени познавања на старото и на новото турско писмо.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Во тоа време доаѓаа кај Татко сараевски, но и белградски ориенталисти и самите да се уверат во автентичноста на сиџилите. Така Татко стануваше господар на сиџилите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Сопственото искуство ме увери во тоа дека црните луѓе удираат најниско што може и навредуваат без да остават докази.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Се разбира дека препрочитувањето на текстот за грифоните го увери во тоа во коешто се сомневаше - дека ова куче сепак не е грифон.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Никој од нас не знаеше зошто логотетот го повика, но претпоставувавме дека сака да се увери во неговата духовна моќ.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Повторно морав да ги прекинам, објаснувајќи им дека разбирам како се чувствуваат во врската и дека понатамошни демонстрации за тоа нема да бидат неопходни.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Беше потребно да ги прекинувам уште два пати пред да се уверат во она што го зборувам.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Многумина од граѓаните се стегаа и со трчање отидоа до гробиштата, до самоти гробот на Санета Сандин, за да го видат чудото, за да се уверат во неговото воскресение.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
90. За да се увериме во тоа дали моиве заклучоци за резултатите од востанието се правилни или пак приговорите на моите противници се правилни, ќе треба да се разгледаат тие настани од најновата историја на Македонија во кои најсилно се пројави националното самосознание, а имено, ќе треба да се разгледа: преродбата на Македонците, настаните што послужија како причина да се разбуди народниот дух на Македонците, какви размери и каков правец зеде тоа разбудување?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ќе се надеваме оти турската влада и турската интелигенција ќе се уверат во сета штета што ја причинува таквата предрасуда и ќе се потрудат да ја искоренат и со тоа ќе ги поправат односите меѓу христијаните и муслиманите.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И машко и женско, и мало и големо, и христијанско и турско, христијаните крстејќи се и во истото време изговарајќи Господ да го дочува во живот Лазора, а Турците, на чело со Тахир бег Јаузоски, кој и заборави да го прошетува Мурата, Ај анасана, ај џган, уште од раното се купчат на портите, на срецело пред дуќаните Акиноски и на чешмата, на бунарите, во дворот и на чардакот Акиноски и само за тоа зборуваат: минатата сабота токму во време пладнина, нивните мажи, главите на сојовите, се нашле таму во Прилеп, на Али Чаир, за со свои очи да се уверат во силата Лазорова, и за потоа со свои очи да го видат нештото кое тука, на лице место и пред сета насобрана народија, ќе му го прекинеш животот на човекот, а кое не го стори тоа, не го однесе на оној свет, само затоа што е Лазор голем и силен како никој друг на земјава, па ножот и куршумите, кога влегле во месото негово удриле на коските и тука се запреле.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Се надеваме дека императорската влада, откако ќе се увери во нивната невиност, ќе заповеда да бидат ослободени.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И само затоа што речиси во истиот час, веднаш штом го пренесле кај делениците Акиноски, Јосиф Акиноски, со усвитен нож му направил операција, му ги извадил куршумите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Севишниот Господ Бог ли ги донесе за преку него, преку лебот и солта што тој им ги понуди, да ги увери во беспомоќноста и измиреноста на луѓето од Потковицата со нивното насилничко доаѓање, или, пак, тоа го стори Сатаната, за да направи од него предавник, кога веќе ги потскажа луѓето?
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Александар мислеше дека одамна се ослободил од тоа, ама мечот кој што на кратко му го пресече телото додека се поздравуваше со некрунисината мис тинејџер на неговата генерација го увери во спротивното.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Командантот Мортје, уверен во Татковата невиност, ќе го советува да замине, на Запад или на Исток, а потоа според судбината да се врати, најмалку по една година.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
- Нели не постои таква можност? - упорно повторуваше Марија и чекаше од Елена да ја увери во тоа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Уште еднаш се увери во својата немоќ да му се спротивстави, да го оневозможи да дејствува другиот во него.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
А ти, заедно со овие твои Мариовци, ќе отидеш до Прилеп, ќе му го прочиташ ферманот на новиот кадија, што ќе го назначиш, а стариот Арслана ќе ми го доведеш лично мене овде.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Откако ги ислуша и се увери во нивните искрени прикажувања, везирот се обрна кон Арслана: – Ќе наредиш да се напише ферман.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Половина час во таксито, со Ева, Лех и возачот, бргу ме увери во точноста, но и во непотполноста на препораките на сопатничките од авионот – Полјаците се учтиви, но и весели и зборлести.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
А место кока кола – јогурт! – му вели Димитар на другар си што за час „смачка“ една четвртинка со сирење.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
- Откако ќе го прошетам целиот свет, откако ќе ги запознаам сите непознати, ќе можам да се уверам во тоа.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Имено, за да му се зачува на претресот сета негова “достоинственост“, и за да можат сите да се уверат во законското постапување на отоманските судии, било решено претресот да биде јавен.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)