уважи (гл.) - тужбен (прид.)

Во септември 1997 советот, претседаван од судијката Л. Додевска, постапувајќи во оваа правна работа, а во отсуство на тужената странка којашто манифестираше огромна процесна недисциплина – донесе позитивна пресуда поради изостанок5 со која го уважи тужбеното барање на тужителката Ангелеска и тужениот работодавач беше задолжен да и плати износ од 76.000 МКД (1.245 ЕУР) на име надомест за испратнина, сосе законска затезна камата; како и 23.309 МКД (380 ЕУР) на име пет неисплатени плати, за периодот од август до декември 1996 – а сето ова во рок од 15 дена по приемот на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судската постапка траеше безмалку година и пол, од мај 1996 до септември 1997, и за време на парницата се одржа само едно единствено рочиште4 на коешто немаше ниеден претставник т.е. застапник или полномошник од АД „Млекарница“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)