Ако користат дроги за да се развеселат или да живнат малку, О. К.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ама ако ги користат за да ублажат болка, како што го земаат хероинот или понекогаш алкохолот, тогаш тоа е срамно“, вели тој.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Наеднаш, една пчела налетува на него и го каснува во ушето; скока исплашен, се фаќа за ушната школка, го вади осилото, трчка кон вирчето во градината, го натопува шамичето со вода и го става на вжештеното уше да ја ублажи болката.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Значи, да бидеме подготвени, силни, ако за тоа има можности да и се спротивставиме или барем да се обидеме да ги ублажиме болките од лошите писанија.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Сепак, тој измислил, направил нешто што можеби ќе ја згрижи неговата чувствителна природа, ќе го победи стравот од непознатото, ќе му ја ублажи болката од неможноста да се сообрази со драмскиот агон.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Сестра му ја осети работата и, чувствувајќи се виновна, гледаше да му ги ублажи болките и сама одеше кај татка си и го земаше Крлето оти сама ја страеше да лежи, бидејќи нејзиниот Трајко беше цело време на колибата, а дома немаше други жива душа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ја гледа Богдан сликата и пред очите му излегува тој жежок јулски ден: гори полето под врелото сонце, а тој со мајка му и со другите аргати од селото жнеат жито во нивјето од кметот на селото; се исправаат повремено за да ги ублажат болките во превитканата половина, да ја избришат потта од лицето и да му се подзавртат со грбот на сонцето што ги дупчи в глава, што им го зовира мозокот, зашто нема каде да се засолнат, да се подзаскријат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)