Зар можеше некој, во тие мигови, да ги убеди во спротивното?
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Па и може, си рече за да се убеди во тоа, зашто сме ние само двајца.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Потоа Тихомир, свртен кон госпоѓа Мариела, проговори: “Ве молам уважена госпоѓо Мариела, изнесете барем еден пример од животот кој ќе не убеди во вистината на ова што го зборувате. Бидете љубезни, госпоѓа Мариела.”
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Таа многу сакаше да разговара со него, да го убеди за својата невиност, да го убеди во тоа, за да му олесни да најде мир.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Таа си дозволи сама да се убеди во тоа и го охрабри тоа верување да се всели и да расне во нејзините мисли, зашто со целото свое битие гореше од желба да го отфрли постоењето на змијата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Сега, меѓутоа, главно поради нетактичноста и неспособноста на Иван Гарванов да воспостави добри односи со гемиџиите и да се обиде на некаков начин да ги придобие и да ги убеди во неопходната потреба да водат сметка за пошироките интереси на револуционерното движење, односите меѓу гемиџиите и ЦК станале лоши, дури и непријателски.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Направената маст ја мачкаше врз чисти памучни крпи во густ слој, но бегот беше тој што ги ставаше врз рамото и вратот на Атиџе, секогаш смислено повторувајќи ги истите допири на ибн Тајко, колку да ја убеди во нивната невиност.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
До вечерта, до првата мрачка што се разлази по долината, Бојан успеа само да се убеди во цврстината на трупецот, успеа само да се испоти неколкупати и добро, добро да огладне.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Сакаше самата да се убеди во тоа... Немаше трпение да одлага...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Многумина им префрлуваа на Димитрија и на поп Јакова зошто му ги дале в раце на кадијата документите, но овие се бранеа дека му ги дале да го убедат во своите права без да се сомневаат дека еден кадија ќе биде толку неправеден да задржува на сила царски фермани.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Мачнината на божемнот грев, за кој немаше вина, а ни самиот не беше сигурен дали е грев или не, го убеди во можноста на успехот во долго подгтвуваниот чекор кон внатрешноста.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
-Ме убеди во вистината! – Еразмо беше вчудовиден од моќта на расудувањето на старецот, зачудено гледајќи во него со раширени очи.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)