Се сетив каков беше во градината, испотен, и на сите оние патувања и сите нешта што ги правеше и на наслушнувањето, и знаев дека тој тоа го чини за да се убеди себеси дека морето, градовите, земјата и неговото семејство се единствените вистински и добри нешта.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Објавив дека ќе бидам храбра и ќе успеам да работам друга работа, најмногу заради поголеми примања, барем така се убедив себеси.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Се убеди себеси да молчи, за да не си го загрозува и натаму авторитетот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Хелвиг, овие изминати месеци, сакаше да се убеди себеси дека за сѐ што се случи, за заминувањето на Марија со детето, беше виновна и таа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Таа 1919 година, веднаш по завршувањето на болестите кои дојдоа по војната, исцрпена од војувањата, се распадна Австро-Унгарската империја, и ние останавме во она нејзино парче кое оттогаш се нарекуваше Австрија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тие денови, по будењата, се обидував да се убедам себеси дека треба пак да ја посетам Клара, и веднаш наоѓав изговор – во Виена имаше епидемија на пневмонија и шпански грип, и секојдневно умираа стотици луѓе, беа затворени училиштата, театрите, операта и кино-салите, се препорачуваше да се излегува од дома само кога тоа е неопходно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)