Го замислив како моќно и непоколебливо се турка низ нoќта, онака самодоволен, и ништо не го запира, ни темницата, ни студот...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Нема ништо за тоа како ѝ е таму, туку наместо тоа тирада за животот воопшто дека ти е како совалката во разбојот додека се ткае, те турка низ конците на деновите еднаш наваму еднаш натаму како што често знае да каже мајката Роса, ама каде е таа, Пелагија, во тој разбој, не кажува.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
— И почна да го турка низ тунел, помогнуван од Андона.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)