тупка (гл.) - со (предл.)

Телето само тупка со копитата, врти со опавчето, ко ѓаволско врапче мрда со опавчето и ја шиба кравата во вимето. А вимето празно, не се полни без пасење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се залепивме до него тупкајќи со нозете војнички и послушно. Редицата се нанижа права како стрела.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Капетан Мирковиќ тупка со чизмите на земјата, го ведри и го облачи лицето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се брзам! – наоружан до заби, тупкаше со малите ножиња во место, како да подскокнува, и така одеднаш лесен во одот, одлета кон вратата...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Брза накај песочето. Тоа е тука, веднаш, на неколку чекори од куќата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таа станува од местото, тупка со наланите по чистото светнато калдрмче, над кое држи ладовинка стара лозница.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ние го гледаме со Мирчета, тој седи онака расчекорен и само тупка со нозете.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тупкаме со нозете во снегот и го чекаме возот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)