Тој преку целиот ден само брза, трча, трча од дома на автобус, на воз, во метро за да стигне навреме на работа, а тоа исто го прави и кога се враќа дома од работа.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Затоа си трчав од едниот крај до другиот, од источниот дел до западниот.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Кога пак ќе земеше Калија, например, да утлеисува, да го разгорува ќумурот во железната утија: или кога ја креваше жешката црепна вадејќи го врз пирустијата табакот со зелник: кога ќе се забревташе толчејќи со ќускијата слануток: или кога ќе се наведнеше полека и растреперено врз ковчегот со невестинската руба во кој сѐ уште имаше дел од чеизот, е тогаш, Бошко гледаше како шафранот од нејзиното лице станува божур, а белузлавите очи како трчаат од далечина и почнуваат да светат како жеравици.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Трчам од некаде да си ја спасам мршата фрлена на подот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Екипата зјапаше во него, како во оживеан портрет од рамка на ѕид, сè додека не ѝ стана јасно дека треба да снима сè што ќе ѝ речат и дека треба да трча от крај накрај на градилиштето, додека не се стемни или додека не се расипе времето.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Почна да трча од одделение до одделение, да душка како загар, проклет да бидам, како загар, да се загледува во секое лице со таков израз како да препрашува: - Ти, скоте, тука ли си, во стројот, !
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
XVII Денеска чичко Лозан нѐ повика кај него на многу важен состанок. Соопштението го пренесуваше Танас, трчајќи од еден до друг како ветар.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Па најважното беше дека ја гледав Соња.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Како за тоа да ѝ раскажувам на мама?
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Збор по збор од уста да ти влечам. Каде се оние златни времиња, кога трчаше од училиште дома и сѐ ми раскажуваше“, разочарано воздивна мама.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Ама ние сигурно не трчавме од многу ум, туку од малку.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)