Тргнаа молчејќи. Сѐ до приодите на Лисец, покриени со букова шума, исправени трчаат во мракот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Истите тие „кладилничарски џанкери” откако ќе го пополнат својот тикет наликуваат на најголемите џанкери од Кисела Вода и како млади зелени мајмуни трчаат во своите домови да го вклучат телектекстот и да видат шо напраиле.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Играв со момчињата во песокот на плажата, со кофички правевме дворци и тврдини од песок, а кога ќе станеше премногу топло тие трите момиња и јас трчавме во водата, се прскавме и врискавме од радост.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
- Кире оди, трчај во другата соба... Земи ја лампата бргу!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Течеа тешките жетви на лето, па тешките вршачки со коњи кои трчаа во круг по снопјето, од каде мораше да се истисне секое зрнце.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Да трча во таа бескрајна ширина без да биде сопната од ниедна грутка.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во атомите на генот, кои ме поврзуваа со Татко, чувствував како во нова димензија на времето се надоврзувам во скадарскиот пекол на некогашното рајско патување на Татко во Цариград и како во сон трчам во место, запирам на последната етапа од враќањето од егзил во родната земја.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Си одевме по овците така молчејќи, а трите кучиња- Шарко, Геско и Мурто- радосно трчаа околу булукот; ќе се сретнеа на горниот крај, ќе се здавеа и пак го обиколуваа булукот, сега трчајќи во обратен правец.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
- Тој! Мил мој! - му трча во пресрет со срце диво разбаботено!
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Скокнал и споулавено се вртел околу себе, истовремено трчајќи во круг и мавтајќи со долгите раце.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Можеби само тој знаел дека дел од облеката му е натопена со газија.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Потоа пред очите му се појавува проколнатиот Тиша беав, деветтиот ден од јулско-августовскиот месец Ав, го гледа Ерусалим завиен во писок и плач, луѓе што трчаат во очај и во гнев, мајки што залудно ги довикуваат своите деца, градот окрвавен од силовитиот удар на вавилонските војски и Храмот диво ограбен и завиен во пламен.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Не давај му да дојде близу до туѓинските нишани, нека се крие зад камењата и нека не трча во устата на ѓаволот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
По два дена, кога децата се враќаа од училиште, ги немаше Џеки и Белчо да им трчаат во пресрет.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
И останатите луди се вознемируваат, некои му се придружуваат на старецот во урлањето кон толпата, други почнуваат да трчаат в место, трети се превртуваат по земјата, некој се смее испуштајќи звук како крескање на птица, некој се чеша од стапалата до главата и назад.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Насобраниот народ е возбуден од глетката, од тоа вревење, прпелкање, од бесот и очајот на лудите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
-Злобните луѓе трчаат во прегратката на небиднината, не знаејќи дека таму се пропаѓа.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Секоја фамилија има некаде во себе трага на лудост, а братучед ми Мурад се сметаше за природен наследник на лудата линија во нашето племе.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
За помалку од три минути бевме на Олив Авењу, а потоа коњот почна да трча во кас.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
А тогаш, диво, како животни што побегнале од своите пештери, трчаа и трчаа во кругови, викајќи.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)