трча (гл.) - луѓе (имн.)

Трчаа луѓето, фаќаа пусија, замавнуваа со стаповите, бодинаа со вилата, пукаа со пушки, но него некоја среќа го служеше: целото искрвавено ќе одмаглеше во шумата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Шоферот му мавна со рака и продолжи накај Прењес, од каде веќе трчаа луѓе и се слушаа викотници.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Трчајте луѓе! Веселбата е голема. Нека му е со среќа!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Нови јата риби надоаѓаа и пласкаа во плитката вода крај брегот, прпелкаа како фатени во мрежа: се пикааа во трските, во шеварот, во водните растенија и испуштаа чудни шумови и клобурци над водата; шумеше водата како подземни извори да се креваат; пиштеа галебите и сите езерски птици кружејќи и налетувајќи на рибите; трчаа луѓето, довлечкуваа кошници, сепетки, кошови, вреќи, и ги полнеа со риби; довлечкуваа и магариња, коњи, ги товареа со риби, се грабаа меѓу себе, се караа, се пикаа во езерото, заграбуваа поголеми и попресни риби; ги соблекуваа кошулите, панталоните и со нив фаќаа за да не им се лизгаат рибите од раце; се крвавеа во прстите од нивните перки, од нивните крлушки, удираа по нив со ости, со вили, со виљушки врзани на стап за да ги скротат и да не им бегаат од раце; се мешаше водата со крвта од рибите и од рацете на луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Трчаат луѓето од едно место до друго, од еден крај до друг, трчаат и внимаваат да не ги видат, да не ги дефинираат како идиоти, како типови кои споро размислуваат, уште поспоро реагираат оти коефициентот на интелигенција им е олеле мајко.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)