трпи (гл.) - и (сврз.)

„Што е народ? Заедница од крвно сродство која заеднички трпи и страда.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
- Не е така! - рече Гоце. - Тоа не е вистина! Јас знам чие е тоа масло!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Лефтера не го трпи. Не го трпат и соборците.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Турската империја е гнила! А ние! Ние трпиме и молчиме како да сме жени и баби!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Божја работа се и војниве и болестиве, вели, а наше е да трпиме и неговите казни да ги поднесуваме послушно и понизно, како негово верно стадо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А пак има луѓе кои ни од блиските не се примани како што треба, но можат да трпат и истрпуваат. И да молчат. Како мене.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А таа, Љуба, не можела, трпи и црнеј, крепи ја куќата, за кога ќе се врати тој, големиот домаќин Никола, чесниот божем и почитуваниот и од слуги и од Турци големци, да му биде сѐ подредено и зачувано.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Буен и со немирна природа тој никого не трпеше и бараше правда.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)