трпи (гл.) - последица (имн.)

Некои реони се толку многу загадени, што идните генерации ќе мора да ги трпат последиците од загадувањата, да живеат во градот што не може нормално да функционира и се задушува во сопствените еколошки проблеми.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Со оваа измена дојде до отстранување на обврската договорот за вработување (заедно со останатата потребна документација) на лицето кое се пријавува да биде даден на увид на службеникот во Агенцијата, со што евентуалните прекршувања на законот во поглед на елементите, правата и обврските на работникот и работодавачот кои би морале да бидат јасно утврдени во договорот за вработување се остава само на Инспекторатот за труд, кој пак согласно своите овластувања врши редовен инспекциски надзор еднаш годишно, но само во одредени стопански гранки, додека пак во останатите, тоа го прави еднаш на секои 3 години, период кој е предолг за работникот да трпи последици од договорот кој не е склучен согласно законот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Еве ме насилно довлечен на некакво задоцнето верско – идеолошко „покајување” за да ги трпам последиците од моите божем големи гревови, пред сѐ космополитските, надоврзани на семејните, емигрантските.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)