тресе (гл.) - цел (прид.)

Да му се посерам! Не ме чека смрдлата!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Оди со здравје и носи многу поздрави на вашиот Истанбул – го испрати прилепскиот кадија првиот гласник лично до силниот султан Сулејмана со тешко обвинување против мариовските бунтовници што подигаат бунт во срцето на големата турска империја, кога таа беше на највисоката точка од својата сила, од која се тресеше цел свет.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во транс сум, се тресам целиот... ѝ ја загризувам цицката!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Му се дожали на татка му што му е детето така невесело и сожално го прегрна Мартин тој час удри да плаче, да се тресе целиот и одвај да вели: - Тате, сладок тате... децата... децата... јатаче ме викаат...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Со брада се покриени патиштата, полињата, ридиштата, реките, градовите, селата - земјата, преплашена, се тресе целата.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Веќе се симнала!... ја слушам вратата долу како се отвара и нагло се треснува!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ако си спомнувате, малку пред Амстронг да зачекори врз фантазијата на поетите, студентите го тресеа цел свет – од Беркли до Берлин и Париз, та дури и до Белград и Скопје (кај сите Турци таму и малиот Асан, шашардисан како онаа жабата што кинисала по коњот да се потковува).
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Не можев да се закопчам од што се тресев целиот...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)