Дење, ноќе ги слушаме топовите како бувтаат, грофтаат и ја тресат земјата, ја превртуваат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
За да каже дека: кога ги силуваа руските жени, тие паганите ги гледаа во очи и не испуштаа глас, а кога им ги стрелаа синовите ги гризеа усните, а главите им беа кренати високо... и пак се тресеше земјата кога тие газеа!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Сите кои беа во офицерскиот дом, во тие неколку часови беа далеку од сите проблеми кои ја тресеа земјата, а и светот во тоа време од човечката историја.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
И кога конечно сите сили на глупоста ќе се солидаризираат и ќе преземат колективен и темелен лов на андерграунд уметникот рушејќи ги сите негови ходници, излези, пасажи, мостови, извори и хранилишта тогаш андерграунд уметникот немајќи каде повеќе да бега применува страшна техника (кетман), техника која ќе ги маѓепса масите претворајќи го истовремено андерграунд уметникот во тиранин од кој се тресе земјата, а реки од крв се слеваат кон морињата.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Но Илинден пламна. Востанието веќе ја тресеше земјата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Нема грмежи, не се тресе земјата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Пред тоа молчевме. Веројатно болката беше премногу присутна.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)