— Зар отиде по мене, си мислам, а солзите ми се веќе на крајот, ми се тресат вилиците.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Беше хронично гладен и хронично настинат - ништо не го најадуваше и никогаш не беше дојаден, а од друга страна беше истрениран да трпи глад со денови; зиме - лете носот му течеше, кога мрсули кога водичка, па не знаеше што е тоа да ти биде топло, кога е доволно да имаш нешто на грбот колку да не ти се тресат вилиците.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ги тресеме вилиците и си укаме во рацете, си дуваме да ни се пуштат прстите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Бара збор и Михајло Горачинов: му се собираат мускулите околу носот, му се тресе вилицата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)