трепнува (гл.) - со (предл.)

Бидејќи веќе ја спомнавме и жена му, тогаш и за неа ќе треба да кажеме збор-два; но, за жал, за неа не се знае многу, освен само тоа дека Петрович има таква жена, која на главата носи капче за мажени жени, а не шамија; но со убавина, како што ни се чини, таа не можеше да се пофали; во крајна линија, кога ќе ја сретнеа само гардиските војници ја загледуваа под капчето, трепнувајќи со мустакот и испуштајќи некаков особен глас.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)