Трепери пламенчето на свеќата и стоејќи вгледан во рамницата, ми се чини дека допираат до мене бучавата на авионите, тресокот на бомбите и гранатите, свирежот на куршумите, мирисот на напалмот, врисокот на стотиците очајници кои биени од небо и земја, газени и толчени под тенковските гасеници со последната издишка трчаа по оваа последно мало крајче од езерската земја со надеж да се фатат за последната сламка за спас на животот...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А меѓу нив – трепери пламенчето, го разбива мракот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Трепери пламенчето на масленичето, трепери и раката на Фимка подигната до чело.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)