треба (гл.) - и (сврз.)

Додека, пак, стварната [каузална] легитимација (legitimatio ad causam) претставува материјално-правна врска помеѓу предметот на парницата и лицата кои во тужбата се означени како парнични странки, т.е. вистински правен однос на странките спрема предметот на спорот во точно одредена парница или „способност да се биде странка in concreto“ и, за разлика од процесната легитимација, таа не е процесна претпоставка туку е прашање на меритумот на спорот ([не]основаноста на тужбеното барање) и за неа судот не води грижа по службена должност, туку само по укажување на странките кои треба и да ја докажат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со други зборови, тоа е однос на странките во парницата спрема нејзиниот предмет на расправање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ќе му накалемат сѐ што сакаат, ако треба и против своите кози да зборува!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога испресметав колку што требаше и како требаше, тргнав по светот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Можеби ќе треба и да се насрчи и умилен да се шепне збор.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Си има тој и свои грижи па треба и на нив да се мисли.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Впрочем тој така и си мислеше и така чувствуваше: овдешните орли се овдешни, своина на овдешното небо и на овдешните луѓе, па ако тие велат дека не треба да се убиваат, не треба и - толку!
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А реков, нели, кога почнале да ја градат црквата веќе сум шетала негде и тоа по фустанче! Иди па верувај им на приказните!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А да не зборувам за тоа дека требало и врата да се искова за да можат да ме стават пред црквата рано в недела и тоа по пелени.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Би требало и полиција да повикам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Никогаш не сум била толку неспретна како тие први денови: сѐ нешто ќе скршев, немаше да направам како што треба и поради тоа уште повеќе се нервирав и станував сѐ полоша.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Нашите театарџии, не само што не можат да го условуваат своето гостување, туку треба и да се плашат, наместо топла и вкусна супа од опашка од вол, да не добијат рогови за чепкање на забите во кои одамна немаат складирано ниту трошки од богата софра.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
ФЕЗЛИЕВ: Така значи... работата е толку заплеткана што треба и пиштолот да се повика на помош?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ѕвездите ќе трепнат за миг, и во полноќта ќе земам сѐ, сѐ, што ми треба и не треба...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Не треба и штуро е да се бега од она што треба да се случи и ќе се случи зашто тоа е потребно и чесно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ќе останам тоа што требаше и треба да бидам.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А основни генералии, секако, мојата секретарка ќе им земе при прием на листа на чекање, па ако треба и ќе постојам пред капија, да чујам се караат ли дење, офкаат ли ноќе, тепаат ли деца и како им се насадени овошките низ дворот, па кога ќе дојдат на ред, од врата ќе паднам во транс: „Имаш дуња во дворот или воденики на балкон“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
тој распалил едно ситно: лиду, лиду, лиду, лиду, и ние играме, ама лабаво, ко кал за црепни да газиме, не ти носи душата да играш делнички и со пијани војници од таму си некаде, од мајчина им, не си за никаде, мочано време, и се нишаме небаре треската да не фатила, се правиме тресиопашки, скокаме наситно, а старшијата само ја ситни свирката и тогаш пукна пушка и старшијата ја олабави гајдата таа писна и занеме и во гробиштата влегоа други војници, кај ќе бараме и за овие кокошки, си велиме, и излезе еден поголем од старшијата, со едно кило петлици нареден, и вели: отечеството крвари, а вие играте, и колкумина имате српски војници, прашува, ами колку што забраа Србите, велиме, колку што им требале и броиме на прсти: Насте, Петко, Митре, избројавме дванаесет.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се поткрена повеќе отколку што треба и го фати куршумот. Го најде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми требеше и дојде, како нарачан. Имам нешто да говорам со тебе.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ИЛИЈА: Така е. Ајде јас да си бегам оти ќе треба и коњот да си го спремам.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А таа сега од една крајност премина во друга: им се насмевнува и кога треба и кога не треба, им потфрлува благ збор и кога треба и кога не треба, не им оди повеќе по петиците и не ги следи како порано, не плуска со камшикот низ просториите, не испушта грлени гласови како порано, ами постојано пушта музика од грамофонот внесувајќи весела атмосфера во Пансионот; ги повикува одвреме-навреме во канцеларијата да ги почести со пијалак, та кога ќе потпивне малку повеќе, лицето го расцутува од смеење и веселост и потпевнува со глас како славејче.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„А работата остај ми ја. Јас таа работа на училиште си ја сакам и си ја вршам како шо треба и си водам грижа за децата.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
8. ОД СЕКОЕ ДРВО НЕ БИДУВА СВИРКА - пред оваа разновидност се симиња капа: зар само свирки да трештат во циркус, некое од дрвата ќе треба и за тапан...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Се нафрлија на дуќанот од Цветко и искупија сѐ што имаше внатре за јадење и за куќни потреби; страсните пушачи што беа останати без тутун, по две цигари редеа в уста за да се наситат; рошкаа луѓето низ дуќанот, претуриваа низ сѐ што ќе најдеа: отвораа сандаци, вреќи, кутии; искупија сѐ што им требаше и не требаше; дуќанџијата Цветко го молитуваше бога пак да даде дожд.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
„'Рѓо 'рѓосана, Досто! Си видела сомун, па сакаш погача. Не ти е доста чупе, па требело и дете. Море, дертот ќе го вате ошче еднаш јас кога ќе стенкам долни крај, душата да ми излева!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Требаше и неа да ја испечам, да не го правеше овој пакост”.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Најпосле се замисли длабоко и си рече во својот учен ум: – Овдека треба и марифети, не само сила – па како да се присети нешто по долго мислење и кроење, си рече: – Јас треба точно да ги научам сите водачи на овој бунт и од нив да разберам со каква сила располагаат и кои им се слабите страни, а за таа работа ми треба човек, што ќе отиде кај нив и ќе разбере што треба – и плусна со рацете.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сите да сакаат пак да дојдете. А за прање, ако треба и ајван товарен да донесете.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Потоа пукнатини, пукотници испакнат папок, длабок рез.  Ако треба и љубов ќе водиш ќе го одвоиш телото  ќе го осамостоиш - што би се рекло -  ќе се залагаш за самоопределување до отцепување (еуфемија за отуѓување)  ќе се откажеш од независноста ќе се вратиш неколку века назад  никаде, ничија 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Беше опцул нешто што не треба и повредил неколку братски републики.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Полека тоа му станува навика, па и каде треба и каде не треба, лаже.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Навикни се на затвор, навикни се на слобода. По навика се навикнувам, и на тоа што треба и на тоа што не треба.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Кога ја водеше Љубица, таа си купуваше сѐ што ѝ требаше и сѐ што ѝ се допаѓаше, секогаш најскапото, па кога ќе дојдеа дома, татко ми ќе почнеше да ја фали како знае сè што ѝ треба и купува сѐ квалитетно.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Многу се покајав што не бев сосема искрена. Ептен многу!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Требаше и за велосипедот да им кажам, згрешив, сега уште повеќе може да се искомплицираат работите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Можеби за болот друго срце треба и тагата да е лач на месечината, можеби јас нема да се најдам себе, можеби ... Но слеј се, слеј се со тишината.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)