- Не треба секогаш да се пали свеќа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Знаејќи дека еден актер на премиерната вечер пумпа адреналин доволно да убие просечен човек, Ирвинг правилно постапил: Прво, затоа што не е просечен човек и второ, затоа што има сознание оти актерот треба секогаш да ги зазема врвните позиции.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Овие, велеше таа, треба секогаш да стојат чисти, за ако дојде некој.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Тој миг всушност треба секогаш да биде во тебе, готов за целото време, да ги знаеш сите движења за него, изострен, постојан, но и скриен така за и самиот да не бидеш свесен за него. Затоа и се вика лов.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Овие симболи треба да се сфаќаат фигуративно, треба секогаш да се толкува нивното скриено значење ...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Змејот нѐ следеше низ води и на копно! Требаше секогаш да се внимава! Границите беа фаталност!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Искуствата на нашите советски браќа, на чело со Сталин, кои со милионски жртви ја одиграа пресудната улога во победата над фашизмот и во ослободувањето на народите, треба секогаш да ги имаме предвид.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ѝ зборуваше за некоја имагинарна личност, лудо вљубена во некоја девојка, притоа ги набројуваше доживувањата на тој несфатен несреќник; отворено ја страдаше својата болка а заклучокот што го беше изрекол се чинеше фасцинантен: Требало секогаш да сочувствуваме со лудо вљубените.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Јас, поради знаењето на италијанскиот, требаше секогаш да бидам напред, те влечев со себе! – Така беше, мила, ништо не си заборавила. – А се сеќаваш кога бевме кај Фонтана ди Треви?
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)