треба (гл.) - доста (прил.)

А оние сега како допрва да ги откриваат ѕидовите и нивната волшебна моќ да ги одделат од изгубеноста и им требаше доста време за да се изнајдат сосема и да почнат да ги бришат своите пушки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На нашите им требаше доста време прво да се организираат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Хелвиг и Карл навистина стоеја до неа. Ѝ требаше доста време да стане свесна за тоа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
На двајцата им требаше доста време додека да се одделат.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тие закони првенствено се однесувале на домашните животни како стоката, и требало доста време пред домашните галеничиња, како кучињата и мачките, да бидат признаени за лична сопственост со тоа да стекнат правна заштита.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Требаше доста време за да може да забележи како прво се испрекинуваат, а после како стануваат сѐ поретки, морничавите потреперувања на малото телце на срнчето, кое не забораваше да биде постојано притиснато некаде, во некој ѕид зад себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Требало доста време за прилагодување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)