Бидејќи на човекот, на секој човек верувам, а особено на осамениот,    најмногу од сé, можеби повеќе и од самата вулгарна храна, му треба човечки збор, јас    него го наоѓав во деновите пред вселувањето во оваа “моја” гарсониера, во читањето    оти тоа за мене беше најдобар, највдахновен и најбезбеден разговор со човекот што    се потрудил, ризикувјќи ја сопствената приватност, да ги стави своите размисли и    чувства на хартија а потоа, претрпувајќи го цел оној унижувачки чин на оценка, уште okno.mk                                                                                  71    и да ги обелодени пред јавноста.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 29-31“
              
              (1996)