треба (гл.) - бездруго (мод.)

АНЃЕЛЕ: Орајт, невеста треба бездруго да ми барате.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Посилен впечаток по својата физиономија остава единствено станицата „Лувр“, која исцелно аранжирана во стилот на музејските вредности и на патникот ненаметливо му сугерира дека на оваа станица треба бездруго да слезе за да влезе во музејот „Лувр“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Разбери, дека јас не можам да се решам за да им кажам оти се венчавме и за тоа треба бездруго да дојдеш и да ме земеш.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Татко беше свесен дека немаше назад, но и напред беше неизвесно! Требаше бездруго да ја минат линијата на замислениот јазичен рубикон...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)